Регион

Македонците во Албанија во битка да ја зачуваат единствената македонска општина

МАЕИ започна борба за зачувување на единствената македонска општина во Албанија

Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), поднесе официјално барање до Специјалната парламентарна комисија за административно-територијална реформа при Собранието на Република Албанија.

Со овој документ, потпишан од претседателот на партијата Васил Стерјовски, јасно се дефинираат црвените линии и клучните барања на македонското национално малцинство во пресрет на најавените територијални измени.

МАЕИ децидно бара општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи никакви територијални измени, односно да не се спојува со други административни единици.

Ова барање партијата го темели на Уставот на Албанија, меѓународните обврски (Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за локална самоуправа), како и на членот 16 од албанскиот Закон за заштита на националните малцинства (Бр. 96/2017), каде што изречно се вели:

“Забрането е преземање мерки кои го менуваат составот на населението во единиците на локалната самоуправа каде што живеат лица кои припаѓаат на националните малцинства, со цел ограничување на правата и слободите предвидени со овој закон.”

Општина Пустец е единствената локална единица во Албанија каде што македонското малцинство ја сочинува повеќето од населението, поради што нејзиното зачувување е од клучно значење за опстанокот и заштитата на идентитетот.

Второто клучно барање на МАЕИ е општина Пустец да се преименува во Општина Преспа.

Овој предлог се заснова на фактот дека Пустец е само едно од деветте села во општината, додека името „Преспа“ поцелосно го претставува историскиот, географскиот, културниот и природниот идентитет на целата област. Терминот „Преспа“ традиционално се користи од локалното население, ужива меѓународно признание, а воедно целиот административен дел се поклопува со Националниот парк „Преспа“.

Преименувањето дополнително би помогнало во промоцијата на регионот како туристичка и еколошка зона со посебни вредности.

„Земајќи го предвид значењето на зачувувањето на идентитетот, претставувањето и правата на македонското национално малцинство во Албанија, бараме овие препораки сериозно да бидат земени предвид при изработката на предлозите за административно-територијалната реформа“, се наведува во официјалниот допис потпишан од Васил Стерјовски.

Најнови вести од: Регион

Борисов кажа што треба да направи Македонија за да почне, а што понатаму за да продолжи преговори со ЕУ

Го поздрави усвоениот Извештај за напредокот на Македонија за 2025 година наведувајќи дека европратениците испратиле јасна порака во поддршка на почитувањето на преземените обврски на европскиот пат на Македонија

Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност (ГАЛЕРИЈА)

На самитот учествуваат претставници од седум европски држави и меѓународни финансиски институции. Македонија ја претставува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски

Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортната инфраструктура

Ќе се обрати на панелот „Остварување на проширувањето на TEN-T: Приоритети на инфраструктурата и инвестициски предизвици во Западен Балкан“, каде ќе ги претстави тековните и идните проекти во патната и железничката инфраструктура на коридорите 8 и 10 и ќе укаже на важноста од координиран пристап за инфраструктурното поврзување

To top