Регион

Меѓу надеж и страв – Бугарија преминува на евро на полноќ на 31 декември, можни се технички проблеми

Бугарија влегува во нова историска фаза со чекор што одамна е подготвуван на хартија. Од 1 јануари 2026 година, земјата официјално ќе го замени левот со еврото и ќе стане 21-ва членка на еврозоната, со што симболично и институционално ќе се врзе уште подлабоко за срцето на Европската Унија. Одлуката доаѓа по години технички подготовки, исполнување строги критериуми и долга политичка дебата, но и во момент на внатрешна нестабилност, недоверба и масовни протести.

Бугарија официјално ќе го воведе еврото како своја валута на 1 јануари 2026 година, заменувајќи го сегашниот бугарски лев (BGN) со фиксен девизен курс од 1 евро = 1,95583 лева. Со оваа промена земјата станува 21-ва членка на еврозоната. Претходно земјата ги исполни сите формални критериуми, вклучувајќи инфлација, буџетски дефицит, долгорочни каматни стапки и стабилност на девизниот курс. Покрај замената на левотот со евро, Бугарија ќе добие и место во Советот на гувернери на Европската централна банка, што ѝ овозможува директно да учествува во донесувањето одлуки за монетарната политика.

Граѓаните на Македонија кои во периодот на замена на валутите на 31 декември и 1 јануари  ќе престојуваат во Бугарија треба да  очекуваат технички застој во плаќањето со картички и вадењето пари на банкоматите во овој период и затоа треба да носат кеш во евра или левови со кои уште некое време ќе може да се плаќа во Бугарија.

Во овој период поради преминот од левови на евра, банкарските системи во Бугарија технички ќе бидат ресетирани на новогодишната ноќ. Ова значи дека ПОС терминалите во продавниците и рестораните привремено ќе бидат надвор од функција; банкоматите нема да издаваат пари и нема да прифаќаат картички; плаќањата со платежни картички нема да бидат можни во тој период.

Прекинот, како што е најавено, ќе трае од приближно 21.00 часот на 31 декември до приближно 1.00 – 1.30 часот на 1 јануари. Потоа системите постепено ќе се вратат на работа, но во новата валута – во евра.

Иако банкоматите потоа ќе бидат полни со евра и ќе почнат да работат од 1 јануари, пред нив ќе има големи турканици, но плаќањето со картички, се очекува да се реализира нормално.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top