Регион

„Мртов“ маж од Пловдив гласаше на претседателските избори во Бугарија

Од документот за идентификација комисијата утврдила дека гласачот заведен како починат бил помешан со друг со исто име и презиме

Маж прогласен за мртов се појави на гласачко место во Пловдив во денешниот втор круг од изборите за претседател на Бугарија.

На изненадување на членовите на изборната комисија, гласачот што се појавил во избирачкиот список бил заведен како починат, објави бугарската телевизија Нова.

Се испоставило дека станува збор за техничка грешка настаната во периодот помеѓу првиот и вториот круг од гласањето. Во списоците за вториот круг имало ознаки за гласачи кои починале во меѓувреме, односно во периодот меѓу двата круга. Настанало помешување кај лица кои имаат исто име и презиме.

Откако приложил документ за идентификација и потврдил дека навистина станува збор за лицето наведено во списокот, на човекот му било дозволено да гласа.

 

Најнови вести од: Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top