Регион

Петмина исчезнати по пожар во фабрика за храна во Грција

Тинаесет лица биле во фабриката кога избувнал пожарот, а осум успеале да избегаат

Петмина исчезнати по пожар во фабрика за храна во Грција

Пет лица се водат како исчезнати по пожарот што избувна во фабрика за храна во близина на градот Трикала во централна Грција во понеделник, изјави претставник на противпожарната служба за Ројтерс.

13 лица биле во фабриката кога избувнал пожарот, а осум успеале да избегаат.

Претставниот  на ПП службата рече дека причината за пожарот, кој избувнал во раните утрински часови, сè уште не е позната.

Локалните медиуми објавија дека пред пожарот се слушнала голема експлозија.

Околу 40 пожарникари и 13 камиони биле испратени на местото на настанот, изјави претставник на противпожарната служба.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top