Регион

Половина од албанските граѓани живеат надвор од Албанија

Колку што албански граѓани живеат на територијата на земјата,  речиси исто толку живеат во странство

Половина од албанските граѓани или 2,2 милиони живеат надвор од земјата, повеќето од нив млади луѓе.

– Колку што албански граѓани живеат на  територијата на земјата,  речиси исто толку живеат во странство. Во 2025 година, според индиректните проценки на Институтот за статистика (ИНСТАТ) бројот на дијаспората, што заминала од 1990-та година се проценува на 2.256.346 граѓани во странство или околу 49% од вкупното албанско население, во споредба со податоците од пописот на населението според кои во Албанија има 2.402.113 жители, објави Топ чанел.

Студијата за бројките на дијаспората истакнува релативно млада популација во емиграција, при што возрасната група од 15 до 64 години го сочинува главниот удел, по што следуваат децата до 14 години со 18% и граѓаните над 65 години, приближно 5%. Гледано по пол 1.177.529 лица се мажи, а 1.078.817 се жени.

Извештајот покажува дијаспора со нов профил, економски активна и со висок потенцијал да придонесе на пазарите на трудот во земјите домаќини.

-За разлика од раната дијаспора што патувала во САД, каде што првите Албанци што патувале биле Арберешите, неодамнешните податоци покажуваат дека новата дијаспора, врз основа на географската распространетост, ја претпочита Европа. Најголемата заедница на албански имигранти се наоѓа во Грција. Но, исто така и во Италија, Германија, Франција и Обединетото Кралство, наведува телевизијата.

Во текот на 2024 година, според Евростат, Италија, Грција и Германија се земјите со најголема концентрација на албански граѓани со дозволи за престој од различни причини, каде што 47,6% од дозволите за престој во 27-те земји на ЕУ се за семејно обединување, по што следува причината за вработување со 29,1%.

Движечките фактори за заминување се главно поврзани со образложението дека бараат подобри економски можности, а други важни мотиви вклучуваат семејни причини (16%) и образование (6).

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top