Регион

Поранешна висока функционерка во МВР меѓу петте помилувани од Вучиќ

Откриени имињата на петте лица што Вучиќ ги помилувал пред заминувањето од власт

Српскиот претседател Александар Вучиќ помилувал пет лица против кои се водела или сè уште се води кривична постапка пред Вишиот суд во Белград.

Меѓу нив е и поранешната државна секретарка во Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која е ослободена од кривичен прогон за трговија со влијание.

Од Вишиот суд во Белград потврдиле дека ги примиле одлуките за помилување, донесени на 27 септември 2026 година, а доставени од Министерството за правда по електронски пат на 2 ноември.

Хркаловиќ беше една од влијателните личности во српската полиција и блиска соработничка на поранешниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

 Во МВР работела од 2014 до 2019 година, а против неа се водеше постапка поради сомневања за злоупотреба на службената положба и попречување полициски истраги.

Меѓу обвиненијата беа и наводите дека го попречувала процесот против Вељко Беливук, водач на криминална група обвинета за повеќе убиства, како и дека прикрила дел од прислушуван разговор на убиениот адвокат Драгослав Огњановиќ.

Во јануари 2025 година Хркаловиќ првостепено беше осудена на една година и четири месеци затвор, но пресудата подоцна беше укината и беше наредено повторно судење.

Со истата одлука, Небојша Ѓокиќ е ослободен од кривичен прогон за перење пари, а Марко Павловиќ за обид за тешко убиство.

Помилување добила и Драгана Живиновиќ, против која се водела постапка за злоупотреба на службената положба и фалсификување службена исправа.

Петтото помилување се однесува на Милош Дугалиќ, кој претходно бил правосилно осуден на затворска казна. Вучиќ го ослободил од понатамошно издржување на казната изречена со пресуда на Апелацискиот суд во Белград од 20 март 2025 година.

Судот не објавил дополнителни детали за останатите помилувани лица ниту за причините поради кои претседателот одлучил да ги помилува.

Помилувањето за Хркаловиќ и уште тројца опфатени со одлуката значи запирање на кривичниот прогон за наведените дела, додека Дугалиќ е ослободен од понатамошно издржување на веќе изречената затворска казна.

Најнови вести од: Регион

Петков: Избравме „претседател на мирот“ – очекувам брз крај на војната во Украина

„Исто така, очекуваме голем просперитет под администрацијата на Радев: брзо решавање на проблемот со високите цени и буџетскиот дефицит, огромен пораст на приходите на граѓаните и, се разбира, целосно демонтирање на олигархијата“, вели Петков

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

To top