Регион

Премиерот Мицкоски во посета на Пустец

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ќе ја посети Општина Пустец, Албанија каде ќе се обрати на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“

 

Фестивалот ќе се одржи на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец со почеток во 18 часот. Ќе настапат фолклорни групи и културно-уметнички друштва од  Македонија и Мала Преспа, кои ќе ги претстават богатствата на македонското културно наследство.

Настанот се одржува под мотото „Единство, традиција и гордост на едно место“, а го организираат Општина Пустец, македонското друштво „Преспа“, и институции од Албанија и Македонија, со поддршка од Министерството за економија, култура и иновации на Албанија.

Најнови вести од: Регион

Ниту една земја од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ и по 2030 година, тврди најдобриот европознавач на евроинтеграциите

Многу политичари во ЕУ веруваат дека би било неодговорно, во сегашната состојба на Унијата, да се примат нови членови – и кон самата ЕУ, но и кон новите членови кои на тој начин би биле поканети во нефункционален клуб

To top