Регион

Проститутките во Бугарија се престроија – со цени и во евра, покрај во левови

Давателките на сексуални услуги кај источниот македонски сосед го почитуваат Законот за воведување на еврото

И проститутките во Бугарија се престроија според Законот за воведување на еврото и од 8 август ги изразуваат цените на своите услуги во две валути – покрај во левови, веќе наплаќаат и во евра, пишува бугарски „Телеграф“.

„Во просек, цените за еден час секс во Софија се движат помеѓу 150 лева (76,69 евра) и 200 лева (102,26 евра), додека во Пловдив, Варна и Бургас сè уште можете да најдете проститутки за цени од 100 лева (51,13 евра) на час“, се вели во написот.

„Очигледно, оние кои ја практикуваат најстарата професија во нашата земја, освен што се убави, се и доволно интелигентни, добро ги познаваат законите и ги почитуваат. Ажурирањето на цените на проститутките покажува дека тие се добро запознаени со барањата на Законот за воведување на еврото од 8 август во Бугарија, кој ги обврзува сите цени и такси сега да бидат означени со двојна цена – во левови и во евра. Овој период на двојно етикетирање ќе опфаќа 11 месеци, до 30 јуни 2026 година, кога ќе останат само цените во евра“, се додава во текстот на „Телеграф“.

 

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top