Регион

Протести во Тирана, се бара и оставка од Еди Рама (ВИДЕО)

Започнат како реакција на влијанието врз животната средина од туристичкиот проект во Звернец, учесниците сега бараат политички и институционални промени и ги изразуваат своите загрижености за корупцијата, можностите за вработување и заминувањето на младите луѓе од земјата

Синоќешниот 94. по ред антивладин протест во Тирана, против планираната инвестиција во Звернец, беше проследен со тензии и судири меѓу демонстрантите и полицијата, во кој со повреди, од тврди предмети, кои ги фрлаа демонстрантите, се здобија неколку полициски службеници.

Политико: ЕУ ја предупредува Албанија за проектот поврзан со Кушнер

„По повеќето предупредувања преку мегафони, полицајците употребија и солзавец за да ги оддалечат демонстрантите кои се обидуваа насилно да влезат во зградата на владата, кога разбраа дека премиерот Еди Рама е во својот кабинет, објавија медиумите во Тирана.

Протестот беше поделен на два фронта. Група демонстранти беа пред кабинетот на премиерот, каде што се одржуваа говори. Во меѓувреме, главното внимание се префрли на другата група демонстранти, кои се наоѓаа во близина на еден од задните влезови на зградата и се обидоа да се упатат кон просториите на кабинетот на премиерот.

Полицијата го опколи подрачјето и го засили присуството на полицијата и со припадници на специјалната единица „Ренеа”.

Од пред владата демонстрантите се упатија кон полициската станица со барање да бидат ослободени 11 приведени поради насилното однесување

По нивното оддалечување премиерот Рама ја напушти зградата под строги безбедносни мерки, додека зголеменото присуство на силите на државната полиција остана пред владата.

Учесниците на протестите продолжуваат да ги повторуваат барањата за оставка на премиерот Еди Рама, формирање преодна влада, отстранување на „старата каста“ на политиката, укинување на измените во законот за заштитени подрачја, измена на изборниот закон.

Започнат како реакција на влијанието врз животната средина од туристичкиот проект во Звернец, учесниците сега бараат политички и институционални промени и ги изразуваат своите загрижености за корупцијата, можностите за вработување и заминувањето на младите луѓе од земјата.

 

Најнови вести од: Регион

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

To top