Регион

Радев: Ѝ благодарам на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Република Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави во „Икс“ бугарскиот претседател

Република Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави во „Икс“ бугарскиот претседател по телефонскиот разговор со неговата колешка Гордана Силјановска, јавија бугарски медиуми.

„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Силјановска за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за искажаната подготвеност на РМ да обезбеди поддршка за справување со последиците од катастрофата“, напиша шефот на бугарската држава.

Интензивните дождови и поплави зафатија голем број области во Бугарија, при што дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените подрачја е ограничен.

Поплавите однесоа четири животи, а активностите за итна помош и закрепнување продолжуваат, со волонтери, воени и социјални служби кои работат на расчистување на патиштата, обезбедување на безбедноста на населението и враќање на нормалниот ритам на животот.

Најнови вести од: Регион

Американски борбени авиони синоќа полетале од аеродром во Софија

Четири виони на американските воздухопловни сили синоќа полетале од аеродромот „Васил Левски“ во Софија во 23:10 часот (по локално време)ќ Видео од настанот бил споделен на социјалните мрежи, јавува „24 часа’.  Според порталот, бугарската влада дала согласност воени авиони на САД да бидат стациониран цо Бугарија во периодот од 17 февруари до 31 мај, како […]

To top