Регион

Радев: Бугарија не е подготвена за воведување на еврото

Со одбивањето да го слушнат гласот на народот на референдум за еврото, властите ја преземаат одговорноста за инфлацијата

 

Бугарија е неподготвена за еврозоната и владетелите го знаат тоа. А, сега го гаснат огнот со разни демонстративни и задоцнети мерки и најмногу со кредити – 16 милијарди лева (околу 8 милијарди евра) од почетокот на годините, предупреди денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Според него, во наредните години Бугарите ќе ја платат оваа сметка поради небрежност, некомпетентност, политичко его и жед за слава.

На прашањето дали очекува нови избори, Радев истакна дека само партиите во парламентот можат да го кажат ова.

Тој истакна дека со одбивањето да го слушнат гласот на народот на референдум за еврото, властите ја преземаат одговорноста за инфлацијата.

Радев бара референдум за воведување на еврото, Борисов вели – тоа е опасно!

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

Најнови вести

To top