Регион

Рама објави видео во градник и здолниште, додека граѓаните бараат стоп на проектот на зетот на Трамп (ВИДЕО)

Дополнителни реакции предизвика и однесувањето на Рама на социјалните мрежи, каде сподели видеа генерирани со вештачка интелигенција на кои е прикажан како инфлуенсер на местото на протестите.

Албанскиот премиер Еди Рама се соочува со сериозна политичка криза, откако деветти ден по ред продолжуваат масовните протести против контроверзниот туристички проект вреден 1,4 милијарди евра, поврзан со инвестициската компанија „Афинити Партнерс“ на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Демонстрациите, познати како „Фламинго револуција“, започнаа по оградувањето на дел од крајбрежјето во Звернец кај Валона, каде што заедно со островот Сазан е предвидена изградба на луксузен туристички комплекс. Граѓаните обвинуваат дека вредно крајбрежно земјиште им се отстапува на странски инвеститори без транспарентност, јавни консултации и соодветни еколошки анализи.

Европската комисија предупреди дека измените на законите за заштитените подрачја можат да го загрозат европскиот пат на Албанија, а Специјалното обвинителство отвори истрага за сопственоста на спорното земјиште.

Рама го обвинува Иран

Наместо да ги смири тензиите, Рама во интервју за „Политико“ изјави дека зад ширењето дезинформации и дел од протестите стои Иран, обвинувајќи го Техеран за водење „хибридна војна“ против Албанија.

„Не можете да ѝ простите на Албанија што ги отвори вратите за луѓе кои бегаат од прогон. Албанија никогаш нема да биде заплашена“, рече Рама.

Иранскиот портпарол Есмаил Багаеи ги отфрли обвинувањата како „целосна бесмислица“ и иронично додаде дека „наскоро веројатно ќе кажат дека и фламингата се ирански тајни агенти“.

Дополнителни реакции предизвика и однесувањето на Рама на социјалните мрежи, каде сподели видеа генерирани со вештачка интелигенција на кои е прикажан како инфлуенсер на местото на протестите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edi Rama (@ediramaal)

Најнови вести од: Регион

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“, барани со меѓународни потерница за убиства и други сторени кривични дела

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“.

Тајани: Силата на Европа зависи од влезот на Западниот Балкан во ЕУ, затоа Италија ја претставува неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“

Политичката сила на нашиот континент во наредните децении ќе зависи од влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, порачува италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Антонио Тајани, во својата најнова колумна. Според него, многу кратковидо и погубно е да се одложува пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ Затоа Италија ја промовира неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, која ги обединува земјите-членки кои се најрешителни да го задржат европското внимание кон овој регион на високо ниво, истакнува Тајани.

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел

To top