Регион

Рама: Западен Балкан нема да моли да се приклучи кон ЕУ!

Албанскиот премиер Еди Рама на отворањето на Самитот „Планот за раст на ЕУ“ во Тирана порача дека Западен Балкан никогаш не доживеал реформи од ваков обем: со 490 милиони евра од ЕУ се трансформираат јавните финансии, енергетиката, инфраструктурата и сите клучни сектори.

Албанскиот премиер Еди Рама на отворањето на Самитот „Планот за раст на ЕУ“ во Тирана порача дека Западен Балкан никогаш не доживеал реформи од ваков обем: со 490 милиони евра од ЕУ се трансформираат јавните финансии, енергетиката, инфраструктурата и сите клучни сектори.

„Регионот се стреми да расте со Европа, а не на сметка на Европа. Ние не молиме да влеземе во ЕУ – ние секој ден докажуваме дека заслужуваме да бидеме дел од неа“, рече Рама.

Тој го истакна Коридорот 8 како „артерија на Европа“ и безбедносен коридор за НАТО, нагласувајќи дека Западен Балкан не е набљудувач, туку фактор во европската архитектура. „Од опасност се движиме кон можност“, додаде тој.

Рама најави дека до крајот на 2026 година регионот ќе има заеднички дигитален идентитет, а од 2027 година ЕУ ќе нè „достигне“ во овој процес. Побара и целосно олеснување на граничните премини – „од пречки да станат мотори на развој“.

„Луѓето не чувствуваат интеграција – тие чувствуваат пониски трошоци, полесно патување, подобри работни места и слобода на движење. Планот за раст е нашиот патоказ – не кон Брисел, туку кон слободите на европскиот пазар“, заклучи Рама.

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top