Регион

Рекорд во Србија: Квадрат стан во Белград по 9.805 евра

Пазарот со недвижности во Србија повторно ги поместува границите, а најновите податоци покажуваат нови срушени рекорди.

Пазарот со недвижности во Србија повторно ги поместува границите, а најновите податоци покажуваат нови срушени рекорди.

Републичкиот геодетски завод на Србија објави најнови податоци од пазарот на недвижности, а рекордот повторно е срушен во Белград: квадратен метар стан во „Белград на вода“ е продаден за 9.805 евра, што е највисоката цена по квадрат во целата земја.

Истиот стан е и најскапо продадениот – за 1,8 милиони евра.

Најскапата куќа е продадена на Савски венец во Белград за 3,8 милиони евра, додека најскапото гаражно место достигна 66.000 евра.

Во сегментот на деловен простор, највисоката цена е постигната во Крагуевац – 2,4 милиони евра.

Овие трансакции ги потврдуваат трендот на континуиран раст на цените на недвижностите во Србија, со Белград убедливо на врвот.

Најнови вести од: Регион

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top