Регион

Седум години од „Преспанскиот договор“ со кој Македонија го смени името

Договорот во Нивици (Псарадес), на 17 јуни 2018 година, го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини […]

Договорот во Нивици (Псарадес), на 17 јуни 2018 година, го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.

Согласно договореното, Република Македонија го промени името во „Северна Македонија“, државјанството е македонско/државјанин на Република „Северна Македонија“, а јазикот македонски.

Земјата стана 30-та членка на НАТО и иако името континуирано со години со споменуваше како пречка за ЕУ перспективата на земја, сепак не го отвори целосно патот кон Европската Унија.

На 30 септември 2018 година, три месеци по Договорот, македонските граѓани беа повикани на раферендум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Излезноста на референдумот беше мала, гласаа само 36,91 отсто од гласачите, од нив 91,47 проценти беа „за“, а 5,64 отсто „против“.

Согласно конечните резултати од гласањето одлуката на референдумот не беше усвоена, бидејќи не гласаа повеќе од половина од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список.

И додека македонската страна исполни голем дел, а можеби и сите обврски од Договорот од Преспа, во однос на имплементацијата, како што се промената на уставното име и Уставот, менување на пасошите, регистарските таблици, менување на имињата на Министерствата и институциите и слично, од грчка страна, како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, постојат одредени доцнења што се однесуваат на спроведувањето на договореното.

Трите меморандуми за соработка потпишани во 2019 година, а за првпат доставени во грчкиот Парламент на средината на септември 2020 година, сè уште не се ратификувани и покрај тоа што опозициската СИРИЗА, лани ги достави по втор пат, а дополнително, не е одржан вториот Совет на високо ниво.

Грција, иако презеде обврска, не ги промени ни патоказите кон Македонија на кои се’ уште стои – Скопје, а објаснувањето е дека локалните власти се противеле на тоа…

Најнови вести од: Регион

Бугарите се противат на распоредување американски авиони-цистерни во базата Бесмер и најавуваат протести: Стануваме легитимна цел во војна, што не е наша!

Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри западно од Јамбол, протестираат против распоредувањето американски авиони во воздухопловната база што се наоѓа во близина, тврдејќи дека не биле однапред информирани и оти одлуката е донесена без консултација со локалната заедница. Тие потпишале петиција и свикале протест, на кој повикуваат да им се придружат и жителите на околните села и населби.

Ги штелуваат да развијат брзина до 90 километри на час (ВИДЕО)

Индекс.хр посети неколку продавници во Загреб и ги сними продавачите како отворено се согласуваат да ги отстранат бариерите што ја ограничуваат брзината на електричните тротинети на законски пропишаната максимална брзина од 25 км/ч.

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

To top