Регион Свет

Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Лав XIV и на средба со италијанскиот претседател Матарела

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, ќе има аудиенција кај папата Лав 14, јави известувачот на МИА. По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова ќе има средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин. На средбата ќе присуствува […]

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, ќе има аудиенција кај папата Лав 14, јави известувачот на МИА.

По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова ќе има средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

На средбата ќе присуствува и секретарот за односи со држави и меѓународни организации на Светата столица, надбискуп Пол Ричард Галагер.

Според програмата, за попладне предвидена е средба и со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, со што завршува неколку дневната посета на претседателката Сиљановска – Давкова на Рим и Ватикан.

За време на престојот, таа присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 Мај, ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и го посети гробот на папата Франциск.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, заедно со македонската државно-црковна делегација, присуствуваше на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.

Најнови вести од: Регион Свет

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пекинг го мери пулсот на Тајван: Кинеските воени авиони повторно над Тајван(ВИДЕО)

Додека светот ги следи ракетите и бомбите во Персискиот Залив, Пекинг тивко го врти копчето за температурата во Тајванскиот теснец – и секој нов налет го прави следниот уште поопасен.

Најнови вести

To top