Регион

Србија на удар на царините на Трамп

35 насто повисока царинска стапка

 

Во објави на социјалната мрежа Truth Social, американскиот претседател Доналд Трамп сподели скенирани писма испратени до лидерите на 14 земји, во кои се наведени новите повисоки царински стапки што треба да стапат во сила од 1 август.

Според објавеното, царина од 25% се воведува за стоки од Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Казахстан и Тунис
30% царина за увоз од Јужна Африка и Босна и Херцеговина
32% царина за Индонезија
35% царина за Бангладеш и Србија
36% царина за Камбоџа и Тајланд
40% царина за стоки од Лаос и Мјанмар

Трамп додаде во писмата дека САД „може да размислат“ за прилагодување на царинските стапки, „во зависност од нашиот однос со вашата земја“.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top