Регион

Студентка насилно одведена од неидентификувани лица за време на протестите во Тирана (ВИДЕО)

Протестите во Албанија веќе предизвикаа десетици повредени и уапсени, а меѓународните медиуми известуваат за најголемиот предизвик за владата на Рама во последните години.

На социјалните мрежи широко се шири видео снимка на која се гледа како група мажи без униформи и без видливи ознаки насилно ја туркаат млада жена во бело комбе во центарот на Тирана. Инцидентот се случил за време на студентските протести што веќе неколку дена ја потресуваат албанската престолнина.

Според објаваите на социјалните мрежи, станува збор за студентка што учествувала во демонстрациите. Мажите што ја одвеле немале полициски униформи, ниту какви било други идентификациски знаци. Видеото, снимено ноќе, покажува хаотична сцена во која девојката е насилно турната во возилото, додека во близина има минувачи и други лица.

Овој инцидент се случува во контекст на тридневни насилни студентски протести во Тирана, во кои младите бараат подобри услови за студирање, пониски трошоци за образование, повеќе можности за вработување и оставка на премиерот Еди Рама. Протестите ескалираа во судири со полицијата, која употреби солзавец и водени топови, додека демонстрантите фрлаа камења и запалуваа контејнери и објекти.

Иако видеото предизвика голема загриженост и повици за одговорност кон албанските власти, досега нема официјална потврда од полицијата или од владини институции за идентитетот на одведената девојка, ниту за тоа дали станува збор за официјално апсење или за друг вид интервенција. Организации и граѓани бараат итно разјаснување за нејзината безбедност и локација.

Протестите во Албанија веќе предизвикаа десетици повредени и уапсени, а меѓународните медиуми известуваат за најголемиот предизвик за владата на Рама во последните години.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top