Регион

Трагедија на автопатот кај Нови Сад: Дете загина, седумина повредени

Едно дете загина, а седуммина други се потешко повредени во страшна сообраќајна несреќа што се случила рано изутрина околу 3:30 часот на автопатот Нови Сад – Белград, во близина на наплатната рампа кон српската престолнина.

Едно дете загина, а седуммина други се потешко повредени во страшна сообраќајна несреќа што се случила рано изутрина околу 3:30 часот на автопатот Нови Сад – Белград, во близина на наплатната рампа кон српската престолнина. Во несреќата е тешко повреден и 43-годишниот возач на комбето.

Според Министерството за внатрешни работи на Србија, комбе „Опел Виваро“ со белградски регистарски ознаки излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и паднало во канал.

Во комбето имало осум малолетници од 13 до 16 години, членови на џудо-клубот „Партизан“ од Белград. Тие се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан. Едно дете, родено во 2009 година, починало на местото на несреќата, а седумте повредени се префрлени во Институтот за здравствена заштита на деца и млади во Војводина.

„Во сообраќајната несреќа се повредени седум деца на возраст од 13 до 15 години. Две се сместени на одделението за интензивна нега, едно дете има повреда на цервикалниот ‘рбет и е транспортирано во Белград, а друго беше подложено на хируршка интервенција под општа анестезија. Останатите се во стабилна состојба и под лекарски надзор“, изјави за РТС докторката Андреа Ѓуретиќ од новосадската Детска болница.

Возачот, идентификуван како С.С. (1982), е преместен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар Војводина со повеќе трауматски повреди. По дијагноза и интервенција, тој е под постојан лекарски надзор. Алкотестот покажал дека не бил под влијание на алкохол.

На местото трае увид предводен од јавен обвинител, за да се утврдат точните причини. Првичните информации велат дека комбето изгубило контрола веднаш по наплатната рампа, од засега непознати причини.

Трагедијата предизвика шок и длабока жал во белградската спортска заедница. Од џудо-клубот „Партизан“ сè уште нема официјално соопштение, но членовите и тренерите упатуваат сочувство до семејството на загинатото дете и молитви за оздравување на повредените.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

To top