Регион

Вучиќ изјави дека на Бледскиот стратешки форум се зборувале глупости, а тој не сака да се занимава со тоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ не беше присутен на Бледскиот стратешки форум, каде што европските лидери разговараа за проширувањето на Европската унија и состојбата на Балканот, туку престојуваше во Пекинг на големата воена парада.

Српскиот претседател Александар Вучиќ не беше присутен на Бледскиот стратешки форум, каде што европските лидери разговараа за проширувањето на Европската унија и состојбата на Балканот, туку престојуваше во Пекинг на големата воена парада.

Објаснувајќи го своето отсуство од Блед, Вучиќ рече дека „немал дилема“ и дека „не сака да се занимава со глупости“. Според него, на форумот бил поканет премиерот Мацут, кој исто така не отишол, а во Блед биле поканети „блокадерите“, со кои тој нема намера да разговара.

Тој додаде дека средбите што ги имал во Кина не можат да се споредат со оние што би ги имал во Блед. Како што рече, слушнал многу глупости од регионални лидери, но средбите со Си Џинпинг, Владимир Путин и Роберт Фицо ги спореди со разлика помеѓу Премиер лигата и Белградска зона – четвртото ниво на српскиот фудбал.

Вучиќ изјави дека ако отидел во Блед, ќе го критикувале зошто не отишол во Кина, а ако Путин кажел нешто негативно, тоа ќе било главната вест. Тој нагласи дека единствено го интересира Србија и нејзините интереси, а не мислењата однадвор.

Нагласи и дека, за разлика од оние кои мислат само на функции и пари, него го интересира како Србија ќе обезбеди енергенси, ќе развие вештачка интелигенција и ќе ја зајакне одбраната на земјата. Според него, многу е важно Србија да обезбеди гас и струја, да ја искористи новата технолошка револуција и да се грижи за одбраната и животот на граѓаните, а не за „глупости“.

Европската унија преку портпарол на Европската комисија порача дека односите со Путин и Русија не можат да бидат нормални и дека тоа му е јасно ставено до знаење на Белград. „Србија мора да нè убеди во својата стратешка ориентација кон ЕУ и да покаже вистинска посветеност на европските вредности“, се наведува во писмениот одговор.

Брисел потсети дека Србија е кандидат за членство во ЕУ и дека тоа значи усогласување со политиките на Унијата, вклучувајќи ја и надворешната политика. Воедно беше истакнато дека Кина е главен двигател на руската агресија врз Украина и дека без Кина, Русија не би можела да ја продолжи војната со истиот интензитет.

На средбата со Владимир Путин, Вучиќ порача дека за Србија е од голема важност да ја одржува соработката со Москва на највисоко ниво и во сите области.

Најнови вести од: Регион

„Курир.рс“: „Кавачкиот клан“ подготвувал атентати врз високи државни функционери во Србија?! – Откриено огромно количество експлозив, оружје и кокаин!

Тројца членови на „Кавачкиот клан“, кои беа уапсени синоќа во Белград со огромна количина кокаин, оружје и експлозиви, се осомничени за планирање атентати врз високи државни функционери во Србија, објави српскиот информативен портал „Курир“.

Нов услов за странските работници во Хрватска – ќе мора да учат хрватски!

Наскоро ќе се воведе обврска за странските работници да учат и да полагаат испит на хрватски јазик како услов за продолжување на нивната дозвола за работа во Хрватска, а исто така им се овозможува полесно да ги менуваат работодавачите. Хрватската влада на денешната седница усвоила измени на Законот за странци и ги испратила во парламентот. Измените се прават, заради усогласување со законодавството на ЕУ, односно со Директивата за единствена постапка за обработка на барањата за издавање единствена дозвола за престој и Пактот за азил и миграција, кој воведува нови правила за управување со миграцијата и воспоставување заеднички систем за азил на ниво на Европската унија.

To top