Регион

Вучиќ: Ќе ја видите сета одлучност на државата

Претседателот најави дека државата во следните денови привремено ќе се „повлече“, но дека потоа ќе следи силен одговор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска од Палата Србија најави дека во следните три до четири дена граѓаните ќе видат „изненадувачки одлуки на државата“ поврзани со протестите кои деновиве ја зафатија земјата.

Вучиќ своето обраќање го започна со коментар за средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, а потоа се осврна на протестите во Србија. Рече дека сакал да зборува за економијата, но дека бил принуден да реагира поради „ужасните настани“ во Валево, Белград и Нови Сад.

Претседателот повторно ги обвини демонстрантите дека имаат намера да убиваат, наведувајќи дека во Нови Сад „за малку не биле убиени 300 луѓе“.

„Зарем тоа не е тероризам? Во Валево пак фрлаа молотови коктели и за малку ќе запалеа луѓе. Тоа е чист тероризам“, рече Вучиќ, додавајќи дека биле повредени вкупно 137 полицајци.

Претседателот најави дека државата во следните денови привремено ќе се „повлече“, но дека потоа ќе следи силен одговор.

„Ќе ви се чини дека сме се повлекле, но во еден момент ќе ја видите сета одлучност на државата Србија. Ќе искористиме сè што ни е на располагање за да воспоставиме ред и мир. Одговорот ќе биде многу поинаков од сè што сте виделе досега“, предупреди Вучиќ.

На новинарско прашање дали е можно воведување вонредна состојба, Вучиќ одговори дека тоа засега не е опција.

„Тоа е последна мерка. Не сме ја разгледувале и не би сакал ни да ја разгледуваме“, рече тој.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top