Регион

Вучиќ пред време ќе го заврши мандатот

Претседателски и парламентарни избори на крајот од 2026 година, но нема повторно да се кандидира

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека претседателските и парламентарните избори во Србија веројатно ќе се одржат заедно во декември 2026 година, или можеби малку порано.

Вучиќ додаде дека Уставот нема да се менува, ниту дека нема повторно да се кандидира за претседател.

„Официјално ми остануваат уште една и пол година до крајот на мојот мандат.

Тој мандат веројатно ќе трае пократко и веројатно ќе се кандидираме заедно за претседателските и парламентарните избори во декември 2026 година, или можеби малку порано.

Близу сум до крајот на мојот мандат. Не сакам да го менувам Уставот.

Нема повторно да се кандидирам за претседател“, рече Вучиќ.

Најнови вести од: Регион

Американски борбени авиони синоќа полетале од аеродром во Софија

Четири виони на американските воздухопловни сили синоќа полетале од аеродромот „Васил Левски“ во Софија во 23:10 часот (по локално време)ќ Видео од настанот бил споделен на социјалните мрежи, јавува „24 часа’.  Според порталот, бугарската влада дала согласност воени авиони на САД да бидат стациониран цо Бугарија во периодот од 17 февруари до 31 мај, како […]

To top