Регион

Вучиќ: Со Путин не сум се видел три години и три месеци

За присуствувото на парадата за Денот на победата во Москва Вучиќ рече дека целта била да им оддаде почит на Црвената армија и југословенските партизани кои ја ослободија Србија

kremlin.ru

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ се пожали дeка неговата земја е неправедно обвинета за авторитаризам и нагласи дека Белград сè уште има намера да се приклучи на Европската Унија, и покрај тоа што одржува блиски врски со Русија и одбива да ја признае независноста на Косово.

Во интервју за германското издание „Цицеро“, тој исто така се пожали дека „секој ден е прикажан како некаков Хитлер“.

„По нападот на Русија врз Украина, не се сретнав со Путин три години и три месеци. Пред војната во Украина, се среќавав со него најмалку три пати годишно.

Многу европски лидери го посетуваа или разговараа со него по телефон. Јас не го направив тоа.
Ние го осудуваме нападот на Русија врз Украина и верувам дека постапивме многу чесно.

Но, моја должност беше да присуствувам на овој настан. Сепак, од почит кон Украина, не се појавивме на Црвениот плоштад со војници или воена опрема“, рече тој.

За присуствувото на парадата за Денот на победата во Москва Вучиќ рече дека целта била да им оддаде почит на Црвената армија и југословенските партизани кои ја ослободија Србија.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top