Спорт

Белгија го победи Велс, Македонија останува лидер во групата за СП!

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го дочека септемвриското продолжение на квалификациите за Светското првенство 2006 како лидер во групата Ј благодарејќи на победата на Белгија од 4:3 против Велс во Брисел. На половина од квалификациите избраниците на селекторот Благоја Милевски се на врвот на табелата со 8 бода, еден повеќе од Велс, Белгија има 4 […]

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го дочека септемвриското продолжение на квалификациите за Светското првенство 2006 како лидер во групата Ј благодарејќи на победата на Белгија од 4:3 против Велс во Брисел.

На половина од квалификациите избраниците на селекторот Благоја Милевски се на врвот на табелата со 8 бода, еден повеќе од Велс, Белгија има 4 од два натпревара, Казахстан 3 од три меча, а Лихтенштајн е без бодови од три средби.

На 7 септември од 18 часот „црвено-жолтите“ ќе го пречекаат Лихтенштајн, Белгија ќе му биде домаќин на Казахстан, а три дена подоцна Македонија ќе ѝ гостува на Белгија и Казахстан ќе го дочека Лихтенштајн.

Белгијците водеа со 3:0 со головите на Ромелу Лукаку од пенал во 15. минута, на Јури Тилеманс четири минути подоцна и на Жереми Доку во 27. минута.

Но, Велшаните стигнаа до израмнување со погодоците на Хери Вилсон во седмата минута од судиското продолжение на првото полувреме, на Зорба Томас во 51. минута и на Бренан Џонсон во 70. минута.

Во 81. минута му беше поништен голот на Лукаку поради аут во почетокот од акцијата, за триумф и три бода на домаќинот да му донесе Кевин де Брујне две минути пред крајот.

To top