Спорт

Дарио Ивановски заврши на 46-тото место од маратонската трка на Европското првенство

Македонскиот атлетичар ја помина делницата за 2:22:39 часа

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, денеска настапи на маратонската трка во рамките на Европското првенство и ја заврши на 46. место.

Ивановски настапи во Бирмингем како наш единствен претставник, а маратонската делница ја помина за 2:22:39 часа, што е далеку од неговото најдобро време.

На маратонот настапија вкупно 60 натпреварувачи, а дел од нив не успеаја да ги истрчаат 42-те километри низ улиците на Бирмингем.

Златниот медал го освои германскиот маратонец Аманал Петрос, кој ја заврши делницата за 2:09:11 часа. На победничкиот подиум се искачија и Пјетро Рива од Италија и Гашау Ајале од Израел.

Резултатот на Петрос претставува и нов европски рекорд.

Најнови вести од: Спорт

To top