Спорт

Димитриевиќ две сезони во грчки Арис

Македонскиот бек ќе игра за десеткратниот грчки првак од Солун, чиј тренер две сезони беше легендарниот Лазар Лечиќ

Десеткратниот грчки кошаркарски првак Арис на својата официјална вебстраница го потврди ангажманот на македонскиот репрезентативец Ненад Димитриевиќ, кој наредните две сезони ќе го носи жолто-црниот дрес на клубот од Солун.

Минатата сезона Димитриевиќ ја почна во руски Зенит од Санкт Петербург, но среде сезона замина како зајмен играч во Баерн Минхен, за кој во 16 евролигашки настапи оствари просек од 11 поени и 4,1 асистенции.

Поранешната грчка играчка ѕвезда Василис Спанулис ќе му биде тренер на 28-годишниот бек во клубот за кој имаат играно славните Никос Галис и Панајотис Јанакис, а од 1990 до 1992 година го водеше легендарниот македонски тренер Лазар Лечиќ-Гркот.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top