Спорт

Елмас назад во Наполи, Чурлинов во Коџаелиспор, Бабунски во Вардар

Тројца македонски фудбалски репрезентативци ги сменија средините на крајот од преодниот рок

Истекот на преодниот рок ги разреши дилемите во која средина ќе ја дочекаат есента тројца македонски фудбалери, од кои двајца стандардни репрезентативци (Елиф Елмас и Дарко Чурлинов) и еден повремен (Давид Бабунски).

По 20 месеци Елмас повторно ќе игра за Наполи, од кој замина во Лајпциг, а оттаму како зајмен играч настапуваше за Торино. Италијанскиот шампион плати три милиони евра за да го најми од германскиот бундеслигаш, со право на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор за 16,5 милиони евра. Во меѓувреме Наполи ќе ја покрива платата на 25-годишниот играч за врска, кој одигра 189 натпревари и постигна 19 гола за неаполитанците во сите конкуренции од 2019 до 2024 година.

Чурлинов во следните две сезони ќе игра за турскиот суперлигаш Коџаелиспор, во кој дојде од полска Јагјелонија, кадешто 26-годишниот напаѓач настапуваше како зајмен играч од англискиот премиерлигаш Барнли.

Бабунски, пак, е најзвучното име во преодниот рок во Македонија, потпишувајќи тригодишен договор со Вардар, во кој дојде од шкотски Данди јунајтед.

Најнови вести од: Спорт

To top