Спорт

„Фалангата“ е атракција во Данска

„Кога сме обединети, Македонија е силна“

Голем предизвик ќе имаат македонските ракометари на првиот меч вечерва во Хернинг, каде што противник е домаќинот и актуелен светски првак Данска. Освен на теренот, голема борба ќе има и на трибините.

Јасно е дека домашните навивачи ќе доминираат во салата, но без разлика каде и да игра Македонија, секогаш таму е и нашата Фаланга. Така ќе биде и овојпат. Се очекува околу 200 наши навивачи да бидат на трибините и да дадат поддршка на избраниците на селекторот Кирил Лазаров.

https://www.facebook.com/share/v/1AKmH72SyN/ 

Некои во Данска допатуваа со авион, други и со брод од околните земји, а има и такви кои со автомобил допатуваа од Македонија. Повеќе од 2.300 километри пат, но и тоа не е ништо кога се работи за бодрење на Македонија.

Фалангата веќе е подготвена, низ улиците ечат препознатливите навивачки песни за бодрење на Македонија.

(Фотографијата е преземена од Мак спорт )

Најнови вести од: Спорт

To top