Спорт

Гол на Барди за Коњаспор во Купот на Турција (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација придонесе за триумфот од 5:0 над второлигашот Алиага со својот петти погодок сезонава

Енис Барди се запиша во листата на стрелците во фудбалскиот Куп на Турција, кадешто Коњаспор го декласира второлигашот Алиага со 5:0 во третото коло од групата Б, во која е втор со максимални 9 бода.

Капитенот на македонската репрезентација заигра од почетокот на второто полувреме и во 81. минута зголеми на 4:0 со удар од дваесетина метри.

За 30-годишниот играч за врска ова е петти погодок за суперлигашот Коњаспор сезонава во сите конкуренции.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top