Спорт

„Гордоста на Македонија“ Славески со нов триумф во БКФЦ (ВИДЕО)

„Македонскиот воин“ два пати го испраќаше на подот Канаѓанецот Тело во Холивуд, Флорида, за осма победа во деветтиот меч

Горјан Гого Славески извојува уште една победа во Шампионатот во бокс со голи раце (БКФЦ), откако со едногласна одлука на судиите славеше против Џонатан „Бикот“ Тело од Канада во градот Холивуд во Флорида, САД.

„Македонија на грб, победата во негови раце! Гого Славески ја заврши работата“, напиша БКФЦ на својот профил на Икс.

Двајца од судиите гласаа со 47:46 за „гордоста на Македонија“, како што БКФЦ го нарече „македонскиот воин“ познат и по прекарот „храбро срце“, а третиот судија му даде убедлива предност од 48:45, благодарејќи на испраќањето на противникот на подот во два наврата.

За 32-годишниот Славески, поранешен светски шампион во велтер категорија, ова е осма победа во деветтата борба.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top