Спорт

Македонец од Австралија четврти во скок во далечина на Игрите на Комонвелтот

Кристофер Митревски прескокна 8,02 метри во Глазгов и само шест сантиметри го делеа од бронзениот медал

Кристофер Митревски ја направи горда македонската заедница во Австралија со освоеното четврто место во скок во далечина на Игрите на Комонвелтот што се одржуваат од 23 јули до 2 август во Глазгов.

Митревски прескокна 8,02 метри и само шест сантиметри го делеа од бронзениот медал што му припадна на Шкотланѓанецот Стивен Мекензи. Златото го освои Тиџеј Гејл од Јамајка со 8,15 м, а среброто Индиецот Шришанкар со 8,09 м.

Личен рекорд на 30-годишниот Македонец од Мелбурн во оваа атлетска дисциплина е 8,32 м.

Пред три години го освои 13. место на Светското првенство, кадешто само за еден сантиметар не се квалификува за финалето, а таа година стана првак на Океанија.

 

Најнови вести од: Спорт

To top