Спорт

Македонски селектор како Баба Ванѓа ја предвидива иднината (ВИДЕО)

Вирално видео со ,,видовит” Македонец во главна улога

Вирално видео го прикажува селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски, кој за време на натпревар на точно предвидува каде противничкиот изведувач ќе го шутира седмерецот.

Грчевски со гестикулација свртен со грб и покажува на македонската голманка каде да се постави или во кој агол да се фрли, по што противничката ракометарка упатува удар токму на тоа место, а нашата голманка успешно ја брани топката.

Грчевски покажува одлична тактичка подготвеност и „читање“ на противникот, со што јасно му става до знаење на стручниот штаб и на публиката дека претходно детално ги анализирал навиките на противничките шутери.

Видеото стана вирален хит на социјалните мрежи токму поради неверојатната прецизност на неговата интуиција и знаење, што предизвика воодушевување и позитивни коментари кај македонските спортски фанови.

Видеото на линкот
https://www.facebook.com/share/r/1CTjnNTP3X/

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top