Спорт

Модриќ ќе продолжи да игра за хрватската репрезентација

Капитенот на „коцкестите“ се најде на списокот на Билиќ за претстојните натпревари од Лигата на нациите

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, ќе биде вклучен во составот за претстојните натпревари од Лигата на нациите против Чешка, Шпанија и Англија, објави Хрватската фудбалска федерација (ХНС).

Модриќ им потврди на селекторот Славен Билиќ и на претседателот на ХНС, Маријан Кустиќ, дека е достапен за Лигата на нации и дека е подготвен да ја продолжи својата фасцинантна репрезентативна кариера со 202 настапи, 29 гола и историски достигнувања.

„Секако дека сум исклучително среќен поради одлуката на Лука. Сите сме свесни што тој носи во дресот на Хрватска, и на теренот и надвор од него. Се радувам на повторната соработка со него по 14 години, а двајцата споделуваме силна амбиција Хрватска да остане врвен, успешен тим, рамо до рамо со најдобрите во светот“, изјави Билиќ.

Најнови вести од: Спорт

To top