Џонас Марковски стави печат врз новата победа на фудбалерите на Престон лајонс во Националната премиерлига на Викторија, постигнувајќи ги сите три гола против Данденонг тандер во 24. коло на домашен терен.
Напаѓачот на најпопуларниот спортски колектив на Македонците во Австралија погоди во 10. минута, три минути подоцна и во 52. минута против клубот формиран од Албанци од македонското село Кишава.
Вториот меч во кој е стрелец 27-годишниот син на некогашниот репрезентативец на Австралија, Џон Марковски, по тој против Бранзвик Јувентус од Австралискиот куп четири дена претходно ги зацврсти „лавовите“ на петтото место, доближувајќи ги до разигрувањето за титулата во кое одат најдобрите шест екипи од основниот дел на првенството.
Престон лајонс задутре ќе биде домаќин на заостанатата средба со Мелбурн Сити У21, а на 26 август ќе го пречека и лутиот ривал и клуб на австралиските Грци, Саут Мелбурн, во четвртфиналето на Купот на Австралија.
Хет-трикот на Џонас Марковски на линкот.