Спорт

Пелистерци се одјавија од Лигата на шампионите со дебакл во Барселона

Македонскиот ракометен првак демолиран во „Блауграна“ со 47:27 во последното коло од групната фаза

Катастрофално издание и тежок пораз на ракометарите на Еурофарм Пелистер од 47:27 на гостувањето кај Барселона во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Тоа што уште пред натпреварот во „Блауграна“ не може[e погоре од седмото место во групата Б како дополнително да го демотивира македонскиот првак, па освен водството од 3:2 во воведните минути до крајот на средбата на теренот постоеше само една екипа.

Само една недела по херојското реми со Пари Сен Жермен во Битола, составот на Стевче Алушовски против Барса буквално ништо не одигра во одбраната, па уште на полувреме губеше со дури 24:15, за во второто да го комплетира дебаклот со „кошаркарски“ пораз.

Ништо подобар не беше ниту нападот на гостите, за што зборува податокот дека најефикасни беа дури седуммина со по три гола.

Пелистерци ја завршија европската кампања со по две победи и нерешени и 10 порази за вкупно 6 бода, два помалку од минатата сезона во најсилното европско клупско натпреварување.

Најнови вести од: Спорт

To top