Спорт

Рустемовски од ЕП се враќа дома со бронза!

За Рустемовски ова е најдобар резултат на континенталните собири

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство, откако денес загуби во полуфиналната пресметка од Украинецот Аидер Абдураимов.

Финалистот беше решен по судиска одлука, при што судиите со резултат 4-1 пресудија во корист на Украинецот.

Нашиот млад боксерски ас веќе испиша историја со пласманот меѓу четирите најдобри и освојувањето бронзен медал, но за жал, не успеа да отиде чекор понапред и да се бори за најсјајното одличје.

За Рустемовски ова е најдобар резултат на континенталните собири, што е јасен показател за неговата извонредна форма. Неодамна, македонскиот борец освои бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто.

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top