Ракометарите на Охрид од 18 часот ќе го почнат реваншот од четвртфиналето на Европскиот Куп со Олимпијакос.
На првата средба во Атина пред една недела, охриѓани победија со 31:26 и се во одлична позиција за пласман во полуфиналето во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување.

Билетите за салата „Билјанини извори“ се распродадени па сигурно е дека македонскиот претставник ќе има голема поддршка од трибините.
На дваесетина минути пред почетокот на натпреварот салата полека се полни, а навивачите во одлично расположение очекуваат победа на нивниот миленик.
Раководствата на двата клуба во координација со Европската ракометна федерација се договорија да нема гостински навивачи, па така во Охрид нема организирана група од Грција.