Спорт

Шкендија убедлива против Слован во Конференциската лига (ВИДЕО)

Првакот на Македонија славеше со 2:0 против Словаците во Скопје и остана во трка за елиминациската фаза

Фудбалерите на Шкендија славеа убедлива победа од 2:0 во Скопје над Слован Братислава во петтото коло од Конференциската лига на УЕФА и останаа во трка за место во елиминациската фаза.

Со две победи и вкупно 7 бода, првакот на Македонија е меѓу 24 екипи што ќе го продолжат натпреварувањето по лигашкиот дел.

Тетовските „црвено-црни“ ја завршија работата против претставникот на Словачка уште во првото полувреме на Националната арена „Тодор Проески“ со автоголот на Кенан Бајриќ во 33. минута и погодокот на Себастијан Спахиу во судиското продолжение:

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top