Името на македонската кошаркарска легенда Лазар Лечиќ (1939-2024) ќе го носи спортската сала досега позната како „Работнички“, реши Советот на Општина Центар.
Еден од култните спортски објекти во Скопје е целосно реконструиран и неодамна и официјално пуштен во употреба со натпреварот Македонија – Луксембург од претквалификациите за Евробаскетот 2029.
Со Лечиќ е поврзан подемот на кошарката во Македонија во 1970-тите и во 1980-тите, кога Работнички со него на клупата стигна до полуфиналето на Купот на победниците на Куповите, а потоа го внесе МЗТ Скопје во тогашната Прва сојузна лига на Југославија, во која играше две сезони.
Популарниот „Грк“ во 1991 година го одведе Арис до полуфиналето во Евролигата, следната година до четвртфиналето, а во меѓувреме со тимот од Солун ги освои првенството и Купот на Грција.
Придонесе и за златниот медал на СФРЈ на Светското првенство 1970 година во Љубљана како прв помошник на селекторот Ранко Жеравица, а кратко ја водеше и македонската репрезентација.
Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот, а беше член и на Клубот на великаните на Македонскиот олимписки комитет.