Спорт

Тиквеш го приземји лидерот Шкендија, хет-трик на Сила

Кавадарчани славеа со 3:1, нанесувајќи им го првиот пораз на тетовци и искачувајќи се на второто место на табелата во ПМФЛ

Фудбалерите на Тиквеш приредија големо изненадување на отворањето на шестото коло во Првата македонска фудбалска лига, нанесувајќи му го првиот пораз на досега перфектната Шкендија, и тоа со уверливи 3:1 на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје.

Симултанка против лидерот одигра 21-годишниот напаѓач од Гвинеја, Н’фанли Сила, кој запиша хет-трик со головите во 19., во 60. и во 72. минута, со кои изби на врвот на листата на стрелците со 7 погодоци.

Единствениот гол за тетовските „црвено-црни“ во 67. минута го постигна косовскиот играч за врска Дрилон Ислами, кој десет минути подоцна беше исклучен поради втор жолт картон.

Шкендија останува лидер со 15 бода, а Тиквеш се искачи на второто место со 11 пред одигрувањето на преостанатите средби од ова коло: Скопје – Башкими (сабота, 16:30 ч.), Струга – Силекс (понеделник, 16 ч.) и Вардар – Арсими (понеделник, 19 ч.).

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top