Спорт

Томовски со третата најдобра одбрана на четвртиот ден од ЕП (ВИДЕО)

Одбранетиот удар на Португалецот Фернандеш во последните секунди го вброи македонскиот голман во топ-5 на ЕХФ

Македонскиот голман Мартин Томовски ја има третата најдобра одбрана во четвртиот натпреварувачки ден на 17. Европско првенство во изборот на Европската ракометна федерација.

Станува збор за одбранетиот удар од левото крило Леонел Фернандеш во последните секунди од дуелот со Португалија, кој заврпи нерешено 29:29 и по кој Македонија остана во трката за едно од првите две места што водат во групата од втората фаза.

Најдобрата одбрана во четвртиот ден на првенството ја има Доменико Ебнер од Италија, втор е Паули Јакобсен од Фарски Острови, четврти Милош Валах од Полска и петти Никола Портнер од Австрија.

Најнови вести од: Спорт

To top