Спорт

Тони Стојановски оди во Арена спорт!

По речиси 20 години во јавниот сервис, еден од најдобрите спортски коментатори во Македонија заминува во регионалната телевизија

Следниот ангажман на досегашниот спортски коментатор на Македонската телевизија, Тони Стојановски, ќе биде во Арена спорт.

Регионалниот телевизиски канал, кој емитува спортска програма на просторот на поранешна Југославија, е во процес на формирање македонска редакција, која треба да профункционира во наредните месеци, а Стојановски ќе биде дел од неа со уште неколку новинарски имиња од Македонија.

Коментаторот што си обезбеди место во аналите на македонското спортско новинарство со историскиот коментар по победата на фудбалската репрезентација на Македонија над Грузија во Тбилиси за прв пласман на европските првенства денеска го одработи последниот ТВ-пренос за МРТ.

Стојановски се промовира во еден од најдобрите спортски коментатори во земјава во текот на речиси 20. години поминати во јавниот сервис, од кои над 13 во МТВ и претходно во Македонското радио, а пред тоа беше дел од спортската редакција на тогашната А1 телевизија.

Тони менува тим по 28 години Кариера, повеќе на овој ЛИНК

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top