
Параолимпијците од Русија и од Белорусија од денеска повторно ќе можат да учествуваат на меѓународните натпреварувања под името, знамето и химната на својата земја, што им беше оневозможено досега поради санкциите кон нивните држави по почетокот на војната во Украина.
Меѓународниот параолимписки комитет (ИПК) денеска преку два круга гласање ја укина „делумната и привремена суспензија на Рускиот параолимписки комитет“, која значеше дека руските параолимпијци можеа да настапуваат само поединечно, како „неутрални спортисти“, без национални симболи.
Во првиот круг од гласањето на Генералното собрание на ИПК во Сеул 111 делегати гласаа против целосната суспензија на МПК, 55 беа „за“, а 11 беа воздржани. Во вториот круг 91 делегат гласаа за укинувањето и на делумните суспензии, 77 беа „против“, а 8 беа воздржани.
„Сите руски параолимпијци мора да се натпреваруваат под знамето на својата земја и, додека стојат на највисокото скалило на подиумот, да ја слушаат руската химна!“, објави ИПК.