Голема победа на ракометарите на Вардар во главната фаза од Европската лига на ЕХФ, кадешто му зедоа мерка на бундеслигашот Мелсунген, совладувајќи го со 37:33 во арената „Јане Сандански“, и тоа враќајќи се од 9:15 во 22. минута, а претходно во уште три наврати имаа по четири гола негатива!
Вториот триумф во четирите дуели со ривалите во групата ги задржа „црвено-црните“ на второто место со 4 бода, колку што има и Бенфика, која славеше во Кристијанстад со 38:34, а Мелсунген е прв со 6 бода.
Јака Малус постигна 10 гола од 13 обиди за двократниот европски шампион, Вукашин Воркапиќ, кој дојде пред само четири дена, застана на 9/11, а на голот Милош Валах запиша 14 успешни интервенции со 37,84 отсто успешност.
Во следното коло на 3 март составот на Иван Чупиќ ќе ја пречека Бенфика.