Спорт

Вардар падна во последните секунди, Суперкупот оди во Битола

Актуелниот македонски шампион Пелистер го победи вечниот ривал Вардар со 28-27 во драматичен меч и го освои трофејот во Суперкупот на Македонија.

Актуелниот македонски шампион Пелистер го победи вечниот ривал Вардар со 28-27 во драматичен меч и го освои трофејот во Суперкупот на Македонија.

Ракометниот натпревар започна со доцнење, но донесе возбудлива игра. Пелистер имаше предност до 14. минута, кога Вардар направи серија и поведе со 10-6.

„Црвено-црните“ ја одржуваа предноста од три гола до последната минута од првото полувреме, кога Пелистер ја намали разликата на еден гол (12-13).

Во второто полувреме, Пелистер стартуваше подобро и поведе со 15-14, по што следеше изедначена игра до последните 10 минути, кога битолчани создадоа предност од четири гола. По тајм-аутот на тренерот Чупиќ, Вардар израмни на 26-26.

Драмата кулминираше во последните секунди, кога Хосни се проби низ одбраната на Вардар и постигна гол за победа од 28-27.

Најефикасен беше Хосни со осум голови за Пелистер, додека Кавада постигна шест за Вардар.

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top