Спорт

Златен медал и за Томи Андонов, трет на СП за Македонија

Македонија со три златни и два бронзени медали на Светското јуниорско првенство во кикбокс

Томи Андонов со нокаут стигна до златниот медал на Светското јуниорско првенство во Лидо ди Јесоло, Италија.

Тој во борбата за златниот медал со Алекса Алексов од Србија славеше со 3-0.

Андонов настапи во категоријата над 81 килограм во дисциплината К1-јуниори, каде што со одличен настап во финалето го совлада противникот и ја освои светската титула.

Претходно Калин Бабоски се закити со злато.

Досега медали освоија: Глигор Николов – златен, Петар Лозановски – бронзен и Драгица Глигорова бронзен.

Ова е голем успех за македонскиот кик бокс и за спортот во Македонија.

Резултати Светско првенство за јуниори:

К-1
Помлади јуниори
+81 кг
Полуфинале
Томи Андонов – Ахмед Каикенов (Казахстан) 3-0
Финале
Томи Андонов – Алекса Алексов (Србија) 3-0

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top