Спорт

Злато и сребро за Македонија од ЕП во параглајдинг во Крушево

Ана Бергер „златна“ кај дамите, македонската репрезентација „сребрена“ во екипна конкуренција

Организацијата на 18. Европско првенство во параглајдинг во Крушево домаќинот Македонија го зачини со два освоени медала и најголем успех досега на големите натпреварувања во овој спорт.

Ана Бергер стана европска првенка, а заедно со Мартин Јованоски, Дарко Станковски и Ѓорѓи Ристовски се вицешампиони на стариот континент во екипна конкуренција.

Зад Бергер кај дамите заврши Германката Елиза Дојчман, а бронзата ѝ припадна на Силвија Ванда Анџела Буци Ферарис од Италија.

Севкупно, пак, пред Македонија е Словенија, а зад македонската репрезентација во параглајдинг на победничкиот пиедестал се најде Шпанија.

На шампионатот учествуваа 130 натпреварувачи од 38 европски држави.

Најнови вести од: Спорт

To top