Свет

10 милиони долари за информација за клучните ирански лидери

Награда за информации за новиот ирански верски лидер Моџтаба Хамнеи и уште 9 високоранкирани израни функционери

Владата на САД нуди награда до 10 милиони долари за информации за клучните ирански лидери, вклучувајќи го и новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи.

Понудата е дадена преку програмата „Награди за правда“ на Стејт департментот,, по атентатот врз ајатолахот Али Хамнеи и други високи ирански функционери.

Во соопштението се наведува дека се бараат информации за Хамнеи, неговиот заменик-началник на кабинетот Али Асгар Хеџази, воениот советник генерал-мајор Јахја Рахим Сафави, советникот Али Лариџани, министерот за внатрешни работи, бригаден генерал Ескандар Момени, и министерот за разузнавање и безбедност Есмаил Хатиб.

Исто така, се бараат информации за четворица неименувани функционери на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) чии фотографии не се објавени – секретарот на Советот за одбрана, советникот на врховниот лидер, началникот на воената канцеларија во канцеларијата на врховниот лидер и командантот на ИРГЦ.

 

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top