Свет

Бабиш: Украина мора да ги исполни истите услови како земјите од Западен Балкан

Бабиш истакна дека главната задача на неговата влада е да ги задржи барем истите средства за Чешка во следниот буџет на ЕУ.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Украина мора да ги исполни сите услови за членство во Европската Унија, на ист начин како што тоа се бара од земјите од Западен Балкан.

На неформалниот Самит на ЕУ што се одржува на Кипар, Бабиш нагласи дека треба да важи ист аршин за сите кандидати.

„Треба да се има исти аршин за сите. Ако земјите од Западен Балкан мораат да ги исполнат поединечните услови за влез, тогаш мора да ги исполни и Украина. Тоа е став на поголемиот број лидери. Бараме исти услови за сите нови земји членки“, истакна Бабиш.

Тој додаде дека очекува тешки преговори околу идниот седумгодишен буџет на Европската Унија за периодот 2028–2035 година.

„Европската комисија номинално предлага приближно 20 отсто помалку пари за нас. Наводно затоа што Чешка станала побогата. Не знам како заклучиле дека сме станале толку богати. Тие сакаат да ни земат околу 9 милијарди евра. Тоа е неприфатливо“, рече чешкиот премиер.

Бабиш истакна дека главната задача на неговата влада е да ги задржи барем истите средства за Чешка во следниот буџет на ЕУ.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

Најнови вести

To top