Свет

Бил Гејтс не сака да умре богат, дел од богатство ќе го даде на Африка

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изјави дека ќе го потроши поголемиот дел од своето богатство, кое се проценува на 200 милијарди долари, за подобрување на здравјето и образованието во Африка во следните две децении. Повеќе од 185 милијарди евра ќе бидат потрошени за подобрување на здравјето и образованието во Африка во следните две децении. Говорејќи […]

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изјави дека ќе го потроши поголемиот дел од своето богатство, кое се проценува на 200 милијарди долари, за подобрување на здравјето и образованието во Африка во следните две децении. Повеќе од 185 милијарди евра ќе бидат потрошени за подобрување на здравјето и образованието во Африка во следните две децении.

Говорејќи во Африканската унија во етиопскиот главен град Адис Абеба, Гејтс рече дека сака да „го ослободи човечкиот потенцијал преку здравјето и образованието“, за да можат сите африкански земји да тргнат по патот на просперитет.

„Тукушто се обврзав да го донирам моето богатство во следните 20 години. Поголемиот дел од овие средства ќе бидат насочени кон решавање на предизвиците овде во Африка“, рече Гејтс, најавувајќи го крајот на активностите на неговата фондација до 2045 година.

Фондацијата Гејтс вели дека нејзините приоритети се спречување на смртни случаи кај мајки и деца што може да се избегнат, искоренување на заразни болести во следната генерација и извлекување на милиони луѓе од сиромаштија.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top